СО ПОСТАВУВАЊЕ НА МЕТАЛНИ СТОЛПЧИЊА ЌЕ СЕ СТАВА КРАЈ НА НЕДОЗВОЛЕНОТО ПАРКИРАЊЕ

септември 1, 2024
0 минути

Започна поставувањето на метални столпчиња се со цел да му се стави крај на недозволеното паркирање.

Изминатите години паркирањето на зелените површини, на патеките за лицата со посебни потреби, за обичните минувачи беше секојдневие.

Металните столпчиња се поставија на источниот дел од НУЦК „Бели Мугри“, кај автобуската станица, на улицата „Димитар Влахов“ пред зградата „А“ во Градскиот Трговски Центар, а како што дозмаваме поставувањето ќе продолжи секаде онаму каде паркираните возила им пречат на минувачите.

С.  Ивановски.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ