Со положување на свежо цвеќе пред бистата на Малина Попиванова започна чествувањето на патрониот празник на истоименото основно училиште во Кочани.

Чествувањето започна со интонирањето на химната на Република Македонија, а потоа свежо цвеќе на бистата на хероината положија делегации, од училиштето, од Локалната самоуправа и од Здружението на борците од НОВ.

Во салата на училиштето присутните гости кои беа поканети да присуствуваат на културно-забавната програма ги поздрави директорот на ООУ „Малина Попиванова“ Благој Петров.







С. Ивановски
