ОПШТИНА КОЧАНИ ОБЕЗБЕДИ УЧИЛИШТЕН ПРИБОР ЗА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК

ноември 2, 2023
1 минути

Во рамките на Програмата за поддршка на образованието за 2023 година, Општина Кочани обезбеди училиштен прибор за ученици во социјален ризик.

Денес, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го посети ОУ „Раде Кратовче“  каде се сретна со учениците и им ги подели училишните пакети.

Школски прибор ќе добијат 225 ученици од I до IX одделение од петте основни училишта во Кочани.

Училишниот прибор е обезбеден во согласност со одобрениот буџет, а по доставени податоци од училиштата до Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ