СО УМЕТНОСТ, ТРУД И ЗАЕДНИШТВО ГО РАЗУБАВУВАМЕ ПРОСТОРОТ ОКОЛУ НАС

мај 23, 2026
1 минути

Повторно, на наше големо задоволство, со заедничката соработка со основните училишта постигнавме одличен резултат.

На наша иницијатива за уредување на дворното место во ЈОИ Библиотека ,,Искра”, на наше големо задоволство на ликовна работилница учествуваа ученици под менторство на Ликовните педагози Слаџана Гаврилова, Иван Шапков, Александар Богданов, Бранко Манчев, Радмила Божиновска и Марија Гацова од: ООУ ,,Синиша Стоилов”-Зрновци, ООУ ,,Малина Попиванова”, ООУ ,,Раде Кратовче”, ООУ ,,Никола Карев”, ООУ ,,Св. Кирил и Методиј” од Кочани и ОУ ,,Крсте Петков Мисирков”-Оризари.

Дворното место доби преубав лик со муралите посветени и тематски поврзани со библиотеката, книгата, писменоста и литературното творештво, изработени од талентираните ученици.

Се радуваме секогаш кога реализираме вакви и слични работилници, бидејќи покрај тоа што ја поттикнуваме креативноста, талентот и уметничкото изразување кај учениците, нашата цел е ученици од различни училишта преку заедничка активност и тимска работа, пред се да се запознаваат, да се дружат, да разменуваат искуства, идеи, и да создадеме основа за иднини вакви и слични соработки и меѓу нив.

Воедно за уредување на просторот, училиштето ООУ ,,Синиша Стоилов” придонесе со обезбедување, транспорт и поставување на соодветен камен од каменоломот во Видовиште за поставување на подна површина во дворот, како и цвеќе и садници од расадник на училишната градина за хортикултурно разубавување, за што упатуваме голема благодарност.

И така, со дводневната дружба и заедничкиот труд, произлегува една убава порака:

,,КОГА МЛАДИТЕ СОЗДАВААТ ЗАЕДНО, ПРОСТОРОТ ДОБИВА УБАВИНА, А ЗАЕДНИЦАТА ДУША”.

Библиотека ,,Искра” упатува голема благодарност до сите основни училишта, директори, ученици и нивните ментори за соработката и вложениот труд.

ЈОУ Библиотека

Искра – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ