Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани се промовираа две книги, од сестрите Гордана Трајановска Колева и Гордана Трајановска Колева.

Автор на делото „Успешни деца, среќни родители“ е Гордана Трајановска Колева, додека лнигата „Учиме да читаме и пишуваме со Јована“ е авторско дело на Лилјана Трајановска Велкова. Во улога на ментор, промотор и рецензент беше Психолог Марија Величкова.

Убав пример кога се твори на темата посветена на правилниот раст и развој на најмладите, поттикнување на позитивните вредности кај нив во време на промените кои не пратат, поттик за правилен развој како и емоционалната благосостојба и топлата поврзаност со родителите.

Претставува задоволство и промоцијата на второто дело, во кое на креативен начин се претставени игриво методи за совладување на најмалите ученици во совладување на азбуката, пишувањето, со што се воведуваат најмладите во светот на пишувањето и читањето.


КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
