Со натпреварите од Вториот Државен турнир во гимнастика ,што во саботата и неделата се одржа во Скопје и официјално се спушти завесата на годинешните натпревари во гимнастика.

На вториот Државен натпревар еипата на КГС „Кочани“ настапи и во женска и во машка конкуренција.
Во женска конкуренција поединечно освоени се две први места и едно трето место, додека во екипна конкуренција освоени се едно второ и две трети места.

Женски, Б програма екипно:
Деца до 7 год Екипа 1 – второ место и Екипа 2 трето место Помлади пионери – трето место.
Женска конкуренција – поединечно:
Млади јуниорки – Мелани Постолова трето место,
Јуниорки – Бисера Лазарова прво место,
Сениорки – Ана Ајтовска прво место.

Во машка конкуренција гимнастичарите на „Кочани“ имаа настап во А програмата и Б програмата. Екипно освоено е едно трето место во Б програмата, а во поединечна конкуренција во А програмата освоени се две први места, едно второ и едно трето место., додека во Б категоријата во поединечна конкуренција освоено е едно трето место.

Машки, А програма поединечно:
Постари пионери – Максим Петров трето место,
Млади јуниори – Матеј Постолов прво место, и Лука Естатиевски второ место
Јуниори – Мартин Андонов прво место

Машки, Б програма поединечно:
Помлади пионери Екипно трето место,
Сениори Филип Иванов трето место.


С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
