СЕДУМ ПОГОДОЦИ НА ТОШЕ МАНОВ ПРОТИВ „ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО“

Во Спорт
септември 25, 2022
1 минути

Минатогодишниот најдобар стрелец во Втора Фудбалска Лига – Исток од редовите на „Осогово“ Тоше Манов не престанува да ги треси противничките мрежи. На денешниот натпревар „Осогово“ – „Дојранско Езеро“ одигран во рамките на 03. коло во Трета Фудбалска Лига – исток Манов постигна седум погодоци а ако на дваесет минути до крајот на средбата не беше заменет можеби уште некој негов шут ќе ја испратеше топката во мрежата на симпатичните „рибари“.

Манов уште во втората минута го отвори резултатот што беше доволно гостите да се подотворат и да примат уште четири погодока до крајот на полувремето, односно уште три во второто полувреме. Осмиот погодок за „жетварите“ го постигна Никола Стоиловски.

Што да се каже за еден натпревар по една ваква убедлива победа на домаќините. Гостите од Дојран додека имаа сили колку-толку парираа до 30’, но откако го примија вториот погодок како да се предадоа.

Како и да е интересен натпревар кој беше ревија на погодоци по сончево и мошне пријатно време за игра.

Резултати од 03. коло:

„Осогово“ – „Дојранско Езеро“  8:1

„Рудар“ – „Академија Чешиново-Облешево“  2:0

„Овче Поле“ – „Брегалница“ (Д)  6:2

„Карбинци“ – „Спартмани“  3:0

„Вардарски“ (Б) – „Малеш“  0:2

„Тиверија“ – „Победа“ (В)  5:1

С. Ивановски