КОЧАНИ ДОМАКИН НА ИЗБОРНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ И БОРЕЊЕ ЗА ЖЕНИ – ПИОНЕРИ / КИ У-15

Во Спорт
февруари 14, 2023
1 минути

Во организација на Боречка Федерација на Северна Македонија и техничка организација на БК „Спартак“ во Сабота (18 Февруари) Кочани ќе биде домаќин на „Изборното првенство во борење слободен стил и борење за жени за пионери и пионерки У-15.

Мерењето на борачите е од 09:30 – 10:00 часот, а натпреварите во Спортската сала при ООУ „Никола Карев“ ќе започнат во 11:00 часот.

На првенството право на настап имаат борачи родени 2008 и 2009 година регистрирани за настапи во 2023 година а со специјален лекарски преглед ќе можат да настапат и родени 2010 година.

И во машка и во женска конкуренција учесниците ќе се натпреваруваат во 11 категории.

С.  Ивановски