СООБРАЌАЈКА ВО КРУГ НА ФАБРИКА ВО КОЧАНИ

септември 7, 2022
0 минути

На 06.09.2022 во 15.17 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 15.00 часот во кругот на фабрика во Кочани, С.М.(23) од Кочани, управувајќи мотоцикл ,,кавасаки“ без регистарски таблици, удрил во И.А.(19) и Ј.А.(41), двајцата од Кочани. Притоа, Ј.А. се здобила со тешки телесни повреди, а И.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Кочани.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтен од СВР