СООПШТЕНИЕ НА ОО СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

јули 12, 2022
1 минути

Почитувани сограѓани ,

Изборните лаги на ВМРО ДПМНЕ  на локално ниво од ден на ден се повеќе излегуваат на виделина . Имено ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Далибор Ангелов се веќе 9 месеци власт , а немаат почнато ниту еден од ветените проекти .

Но, доколку ги ставиме розевите наочари што ги носи локалната власт на ВМРО ДПМНЕ треба да признаеме дека не е се така црно и дека се направени 3 „капитални проекти“ во изминатиот период и тоа:

  1. задоволување на хировите на коалиционите партнери со обезбедување на директорска фотеља во Комуналното претпријатие
  2. Зголемување на цената на комуналната такса за 100%
  3. Нова систематизација со која се згрижени верните членови на ВМРО ДПМНЕ со непотизам од досега невидени размери во вработувањата , а исто така и покачување на платата на „најверните партиски слуги“ во време на глобална економска криза.

Оправдувањата на градоначалникот дека општината се наоѓа во финансиски проблеми се неоправдани поради фактот што самиот тој претходните 8 години во два мандатити беше советник во општината и имал увид на состојбата во која се наоѓала самата општина.

Далибор Ангелов и ВМРО ДПМНЕ ги разочараа граѓаните со ветување дека ќе направат пристап до инфраструктура за секој граѓанин, чиста и здрава животна средина, развој на земјоделието, развој на алтернативен и бањски туризам. ( во прилог текст од ветувањата на Далибор Ангелов дадени на интервју за порталот република.мк на 30.09.2021)  „Ангелов – кандидат за градоначалник на Чешиново-Облешево: Ќе се насочиме на развој на алтернативниот и Банскиот туризам“

Господа од ВМРО ДПМНЕ проблемите се рашаваат со работа, идеи и со разговор со жителите на населените места, а не со политика за задоволување само на личните интереси. „Ќе направиме пристап до инфраструктура за секој граѓанин, чиста и здрава животна средина, квалитетно образование за нашата младина, развој на земјоделието, поддршка на земјоделците, развој на претприемништво, развој на алтернативен и бањски туризам, урбанизација на сите населени места и многу други проекти кои се од приоритетно значење за сите граѓани, изјави Ангелов“

Почитувани ,

Со ваква локална власт и градоначалник кој работи против интересите на своите сограѓани и притоа не исполни ниедно ветување од пред изборите , на граѓаните на Чешиново -Облешево не им се пишува добро за жал.

Во прилог слики кои се однесуваат на текстот од соопштението.

Со почит

ОО СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО