ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР – ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР ЗА „АУТО ВЕЛТ“

Во Спорт
јули 12, 2022
1 минути

Вечерва на заградените терени во присуство на голем број љубители на фудбалот со одигрувањето на финалните натпревари и официјално се спушти завесата на годинешното 20. издание на „Петровденскиот фудбалски турнир 2022“.

Пред одигрувањето на малото и големото финале се одигра меморијален фудбалски натпревар во знак на сеќавање на еден прерано згаснат живот, на нашиот сограѓанин Благоја Баки Апостоловски.

Гледачите вечерва присуствуваа на два мошне интересни и неизвесни натпревари кои наидоа на задоволство кај гледачите.

Во малото финале „Пролет“ – „Еволушан“4:1 (2:1)

Во финалето „Ауто Велт“ – „Џинџер“  3:1 (2:1)

По завршувањето на натпреварите беа прогласени најуспешните кои од организаторот на турнирот Општина Кочани добија ваучер со вредност од 6.000,00 денари.:

Најдобар голма – Јоже Јованов (Еволушан)

Најдобар стрелец со 15 голови – Тоше Манов (ВЛТ Грдовци)

Најдобар играч – Иван Стојчев (Авто Велт)

 

На првопласираната екипа на „Ауто Велт“ освен шампионскиот пехар и припадна и ваучер со вредност од 60:000,00 денари, на вторпласирана екипа „Џинџер“ 30.000,00 денари а третопласираната „Пролет“ заработи чек во вредност од 15.000, денари

Посебни благодарници за придонес и афирмација на Петровденскиот турнир ОФС Кочани, Судиски актив при ОФС Кочани, Бранко Богатинов и Бојан Поповски,

Турнирот одлично го организира Општина Кочани со техничка организација на Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани

С. Ивановски