СООПШТЕНИЕ ОД КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ

јануари 21, 2025
0 минути

КЈП Водовод Кочани започна со акција за чистење на диви, мини депонии на територијата на градот. Оваа акција ќе се одвива во континуитет и во истата е вклучена неопходната механизација и човечки потенцијал кој ни е располагање. Акцијата е започната од најфреквентните локации, со особен акцент на ударните места како што е градскиот пазар. Во постојана комуникација сме со одделение за комунални дејности и инспекциски служби од Општина Кочани, кои ќе преземаат мерки согласно нивните надлежности. Заеднички апелираме за подигање на свеста и културата во делот на исфрлање на отпадот и потенцираме дека се соочуваме со уништување на дел од контејнерите и тезгите во градскиот пазар. Сите оштетени контејнери ќе бидат однесени на поправка, а ќе поставиме и нови дополнителни контејнери во координација со општината. Ги повикуваме сите граѓани кои што се соочуваат со било какви проблеми или прашања да се обратат во Центарот за односи со корисници кој функционира во составот на КЈП Водовод Кочани, со цел за наше понатамошно постапување.

Со почит,

КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ