Во двете средни училишта во Кочани, СОУ „Љупчо сантов“ и СОУ „Гошо Виќентиев“ само единаесет ученика од вкупно 210 не ја положиле Државната матура.

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани Државна матура полагале 118 ученика од кои:
-Македонски јазик и литература полагале 118 ученика и сите го положиле испитот;
-Англиски јазик полагале 105 ученика, од кои 100 го положиле испитот, а 5 ученика не го положиле;
-Математика полагале 13 ученика и сите го положиле испитот;
-Државна стручна матура полагале 16 ученика и сите положиле Македонски јазик и литература и Англиски јазик.

СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани, Државна матура полагале 92 ученика и тоа:
–Македонски јазик и литература полагале 92 ученика и сите го положиле испитот-
– Англиски јазик полагале 77 ученика, од кои 71 го положиле испитот, а 6 ученика не го положиле;
– Математика полагале 15 ученика и сите го положиле испитот;
Солидни резултати за учениците, средноѓколци од средните училишта во Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
