СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

април 19, 2024
1 минути

Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ денеска го одбележа патрониот  празник. По повод 104-годишнината од раѓањето и 80-годишнината од смртта на Викентиев,   градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и повеќе делегации положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор.ж

По повод празникот на кочанското техничкото училиште, присутните проследија кратка програма, а беа прогласени и најуспешните ученици.

Ученик на генерацијата 2020 – 2024 е Јован Филипов, кој воедно е и најуспешниот во електротехничката струка. Од машинската струка, за ученик на генерацијата е прогласен Александар Гоцевски, а од сообраќајната струка – Дејан Иванов.

Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“ Владо Симеонов им врачи годишни признанија на професори со 10, 20, 30 и 40 години работен стаж.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ