Врз основа на точките I, II, IV и VI од Одлуката за начинот на користење и управување на салите во општинските основни и средни училишта: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, ООУ „Никола Карев“ – Кочани, ООУ „Крсте Петков Мисирков“ -Оризари, Кочани, ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани донесена од Советот на Општина Кочани под број 09-819/1 од 06.04.2023 година („Службен гласник на Општина Кочани број 4/2023, број 5/2023 и број 9/2023“) СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани на ден 09.10.2024 година објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за учество на јавно наддавање за распределба на термини за користење на училишната спортска сала во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
- Предмет на овој јавен повик е:
1.1. Учество на јавно наддавање за распределба на термините за користење на училишната спортска сала во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани.
1.2. За користење на училишната спортска сала во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани се распределуваат следните термини:
Работни денови | Понеделник | Вторник | Среда | Четврток | Петок |
1 (прв) термин |
Од 19:30 часот до 20:30 часот | Од 19:30 часот до 20:30 часот | Од 19:30 часот до 20:30 часот | Од 19:30 часот до 20:30 часот | Од 19:30 часот до 20:30 часот |
2 (втор) термин |
Од 20:30 часот до 21:30 часот | Од 20:30 часот до 21:30 часот | Од 20:30 часот до 21:30 часот | Од 20:30 часот до 21:30 часот | Од 20:30 часот до 21:30 часот |
3 (трет) термин |
Од 21:30 часот до 22:30 часот | Од 21:30 часот до 22:30 часот | Од 21:30 часот до 22:30 часот | Од 21:30 часот до 22:30 часот | Од 21:30 часот до 22:30 часот |
4 (четврт) термин |
Од 22:30 часот до 23:30 часот | Од 22:30 часот до 23:30 часот | Од 22:30 часот до 23:30 часот | Од 22:30 часот до 23:30 часот | Од 22:30 часот до 23:30 часот |
Неработни денови | Сабота | Недела |
1 (прв) термин | Од 09:00 часот до 10:00 часот | Од 09:00 часот до 10:00 часот |
2 (втор) термин | Од 10:00 часот до 11:00 часот | Од 10:00 часот до 11:00 часот |
3 (трет) термин | Од 11:00 часот до 12:00 часот | Од 11:00 часот до 12:00 часот |
4 (четврт) термин | Од 12:00 часот до 13:00 часот | Од 12:00 часот до 13:00 часот |
5 (пети) термин | Од 13:00 часот до 14:00 часот | Од 13:00 часот до 14:00 часот |
6 (шести) термин | Од 14:00 часот до 15:00 часот | Од 14:00 часот до 15:00 часот |
7 (седми) термин | Од 15:00 часот до 16:00 часот | Од 15:00 часот до 16:00 часот |
8 (осми) термин | Од 16:00 часот до 17:00 часот | Од 16:00 часот до 17:00 часот |
9 (девети) термин | Од 17:00 часот до 18:00 часот | Од 17:00 часот до 18:00 часот |
10 (десети) термин | Од 18:00 часот до 19:00 часот | Од 18:00 часот до 19:00 часот |
11 (единаесети) термин | Од 19:00 часот до 20:00 часот | Од 19:00 часот до 20:00 часот |
12 (дванаесети) термин | Од 20:00 часот до 21:00 часот | Од 20:00 часот до 21:00 часот |
13 (тринаесети) термин | Од 21:00 часот до 22:00 часот | Од 21:00 часот до 22:00 часот |
14 (четиринаесети) термин | Од 22:00 часот до 23:00 часот | Од 22:00 часот до 23:00 часот |
- Почетна цена на наддавање:
Надоместокот за користење на училишната спортска сала за спортските здруженија односно клубови ќе се плаќа од тренинг односно за време од 90 минути, а за рекреативците за време од 60 минути.
2.1. За спортските здруженија (клубови) по завршување на наставата во училиштата се определува почетна цена од 520,00 денари, а во деновите на викенд почетна цена од 1000,00 денари.
2.2. За група рекреативци по завршување на наставата во училиштата се определува почетна цена од 520,00 денари, а во деновите на викенд почетна цена од 1000,00 денари.
- Ден и место на одржување на јавното наддавање:
3.1. Јавното наддавање ќе се одржи на ден 15.10.2024 година во салата за состаноци во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани со почеток во 10:00 часот.
Јавното наддавање ќе го спроведе Комисија формирана од директорот на училиштето. За јавното наддавање комисијата ќе води записник кој ќе го достави до директорот на училиштето.
- Услови за учество на јавното наддавање и уплата на депозит:
4.1. На јавното наддавање можат да се јават само спортски клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари.
Доколку нема заинтересирани клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари на јавното наддавање право на учество имаат и здруженија на граѓани и рекреативци.
4.2. За да може да учествува на јавното наддавање секој понудувач треба да уплати депозит во износ од 1500,00 денари на жиро сметката на училиштето 736010528278710, приходно конто 723911, програма N2, депонент Народна Банка Република Северна Македонија.
4.3. Ако понудувачот нема уплатено депозит нема право да учествува на јавното наддавање.
4.4. Доколку најповолниот не го склучи договорот со директорот на училиштето за користење на училишната спортска сала за термините за кој понудил највисока цена го губи правото да му се врати депозитот.
4.5. Минимален чекор на наддавање изнесува 100 денари.
- Документи кои се поднесуваат:
– Пријава за учество (образецот е во прилог на повикот).
– Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот).
– Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот).
– Доказ (уплатница за уплатен депозит).
- Крајниот рок за прием на пријави по овој повик е:
Пријавата за учество на јавно наддавање се поднесува до Комисијата за јавно наддавање во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани до 15.10.2024 година до 10:00 часот.
Потребните документи можат да се подигнат од училишната книжарница во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ