ПОСТАВЕНИ И ПАРТЕРНО УРЕДЕНИ НОВИ ЧЕШМИ ЗА ПИЕЊЕ ВОДА

мај 19, 2023
1 минути

Во склоп на своите предвидени активности КЈП “Водовод” продолжува со поставување на нови чешми за пиење на вода во Кочани.

Денес беше реконструирана старата чешма за пиење на вода на улица “Скопска”, а исто така продолжија и активностите за партерно уредување на претходно поставените чешми во Кочани.

Во наредните неколку денови се предвидени активности за дополнително партерно уредување на сите поставени чешми и фонтани како и целосно хортикултурно уредување околу нив.

КЈП “Водовод” упатува апел до граѓаните на Кочани за совесно и одговорно користење на поставената урбана опрема.

Кјп „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ