СОВЕТНИЦИТЕ ОД ОО НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА ДАРУВАА ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЧИЊАТА

декември 30, 2021
1 минути

Сите се радуваме на Новата година, но ниедна радост не е толку голема како радоста на едно дете.

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници членовите на Советот на Општина Кочани, од Општинската организација на СДСМ и Коалицијата, поделија пакетчиња за дечињата од неколку училишта и подарија многу насмевки и љубов.

Детската радост е најголемиот подарок што ние возрасните можеме да го добиеме.

ОО СДСМ – Кочани