Револтирани од расфрланиот смет посетители на „Бавчалук“ ни испратија фотографии со надеж дека мисите ќе ги погледнат и надлежните.
„По ова убаво сончево време решивме со дечињата да го постиме Бавчалук за да се истрчаат и да уживаат во нивните игри. Не пречека една грда, расфрлан и кој знае од кога не собран смет на сите страни. Лоша миризба се шири насекаде а дечињата ги пазевме да не дојдат во контакт со сметот бидејќи не се знае од кога е и што се има во него. Пожелно е да се чисти и овој потег во градот за да можеме за време на викенди да го посетуваме“ стои во дописот д наш сограѓанин
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ