ПРЕКУ ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „ОСОГОВСКИТЕ СЕЛА“ ПРОМОВИРАНИ ПРЕДЕЛЕНИТЕ ВРЕДОНСТИ НА ЗАШТИТЕН ПРЕДЕЛ „ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ“

октомври 29, 2023
1 минути

Телото за управување со Заштитен предел „Осоговски Планини“ во соработка со Македонското еколошко друштво, локални планинарски и велосипедски друштва, а сето тоа во рамките на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation-SDC), координирана од Фармахем, денес во Инфоцентарот „Пониква“ беше организиран настан за промоција на пределните вредности на Заштитен предел „Осоговски Планини“.

Дел од Осоговските Планини е прогласен за заштитено подрачје од категорија V – заштитен предел, токму заради пределските вредности, кои ги нуди овој планински масив.

Целта на настанот беше да се презентираат карактеристичните пределни и естетски вредности на Заштитен предел  „Осоговски Планини“, преку изложба на фотографии „Осоговските села“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ