Иван Велков и Иван Величков како претставници на Хотел City IN од Кочани изминатата седмица (07-09.02.2024 година) учествуваа на „Dubrovnik Royal Gourmet“, прв меѓународен гастро фестивал и меѓународен натпревар на кувари, келнери и бармени, организиран од Skmer Acmer.
Претстабиците од Хотел City IN се натпреваруваа во две категории:
– chef’s table – тимски натпревар во приготвување, сервирање и објаснување на храната и виното и
– категорија подготвување на тартар и служење на вино.
Во една мошне силна конкуренција жири комисијата одлучни на претставниците од Хотел City IN да им ги додели сребрените медали во двете конкуренции, како и пехарот за најдобар сениорски chef’s table.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ