„ВЕЧЕР НА АФОРИЗМИ“ ДЕЛ ОД ПРОГРАМАТА „ПЕТРОВДЕН 2022“

јули 9, 2022
1 минути

Во организација на ЗГ „Афористичка Репрезентација на Македонија“ – Кочани и Општина Кочани а по повод претстојниот празник на градот „Петровден“, во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани се одржа Вечер на афоризми.

Настапот на роднокрајните афористичари беше проследен со големо внимание од присутните во салата бидејќи она што го прочитаа тие, а тоа беа лични афоризми знаеја да ги и те како насмеат.

„Вечер на афоризми“ е настан кој е дел од годинешната културно-забавна програма од Програмата на „Петровден 2022“ на Општина Кочани.

С. Ивановски