Станарите од зградите позади „Комитетот“ и „Стопанска Банка“ реагираат на еден за нив голем проблем што е се поприсутен а се појави откако еден совет донесе одлука да се воведе такса за паркирање но само на одредени места во централното градско подрачје.
Е сега оние кои не се заинтересирани да плаќаат по 10 денари од час за паркирање а речиси по цел ден се шеткаат низ трговскиот центар се почесто ги паркираат своите возила на просторот меѓу споменатите згради и така не само што го усурпираат просторот за паркирање на возилата на станарите туку и си заштедуваат по некој денар.
„Вака не бива, ние немаме каде да си ги паркираме возилата бидејќи некој друг кој дошол во трговскиот на прошетка од периферијата на градот се паркирал во нашиот двор ама при тоа не заборавил и да го фрли сметот што од дома го понесол и тоа не во некој контејнер туку овде на ивицата од нашиот двор без да води сметка дека некој друг ќе мора да го исчисти. Сега почнуваат летните горештини и од тој смет се испушта непријатна миризба а ние сето тоа или ќе мораме да го дишеме, или по горештините да спиеме со затворени прозорци. Овој проблем мора да се реши од надлежните или ќе мора ние самите да си направиме врата од која само ние ќе имаме клучеви“ ни изјави еден од станарите што го затековме во неговиот „двор“ каде бараше место каде да го протне своето возило бидејќи речиси се беше зафатено од возила што немаат допирна точка со овој дел од градот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ