Со техничка организација на БК „Балканец“ од Штип а со поддршка на Боречката Федерација на Македонија денес во Штип во салата на ООУ „Тошо Арсов“ се одржа Државното првенство во борење У-17.

Експедицијата на БК „Спартак“ од Кочани на првенството учествуваше со шест борачи од кои 2 во женска и 4 во машка конкуренција.

Освоено е 1 прво место, 3 втори и 2 трети места.
Стојана Митева во категоријата до 57 килограми го освои првото место, додека Славица Митева во категоријата до 49 килограми беше втора. Екипно девојчињата на „Спартак“ го освоија третото место.

Во машка конкуренција второпласирани се Јован Илијев во категоријата до 55 килограми и Филип Ангелов во категоријата до 80 килограми, додека третото место го освоија Едис Билалов во категорија до 55 килограми и Борис Митевски во категорија до 92 килограми.

Екипата ја водеа Иван Јанев и Зоран Сребренов, додека судии на душекот од Кочани беа Гоце Ангелов и Игор Христов.


С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
