Еден од најдобрите играчи на „Слога 1934“ од Виница во минатото првенство и несомнено еден од играчите кои го свртеа вниманието на фудбалската јавност со настапите во Втора Фудбалска Лига – Исток Стојче Стојов од вчера е нов играч на „Каменица Саса“ од Македонска Каменица.
Стојов кој две сезони успешно настапуваше во ГФК „Осогово“ а во последните три и во „Слога 1934“ со својата ангажираност за време на целиот натпревар го покажа својот раскошен талент и „рударите“ добија вистински играч за следната сезона во единствената Втора Фудбалска Лига..
Официјалната промоција на Стојче Стојов ќе се случи во првите денови од следната седмица.
С. Ивановски