ЧЕТИРИ ИГРАЧИ СИ ЗАМИНАА ОД ГФК „ОСОГОВО“

Во Спорт
јануари 5, 2022
1 минути

По новогодишните празници четири играчи на „Осогово“ го напуштија кочанскиот второлигаш.

Еден од најдобрите голмани во источната втора лига  Благојче Иванов и еден од најдобрите играчи во нападот Аделин Ќазимов веќе потпишаа за екипата на „Беса“ член на Втора Фудбалска Лига – Запад, штоперот Иван Мицевски кој покажа дека знае да игра фудбал се врати во редовите на скопски „Вардар“ и доколку добие шанса второлигашот од Скопје ќе добие играч кој ќе биде столб на одбраната во наредните неколку години.

Четвртиот играч што замина од „жетварите“ е Дарко Спировски кој се врати во „Силекс“ од Кратово.

Заминувањето на овие четворица ќе претставува голем удар за „жолто-сините“ во зачувувањето на второлигашкиот статус.

Бидејќи почетокот на пролетниот дел од првенството е закажан за 19 Февруари, управата на клубот ќе треба час побргу да реагира за да најде барем соодветни замени за овие играчи во спротивно тешко е дека ќе се состави тим кој би обезбедил и следното првенство настап во Втора Фудбалска Лига – Исток.

С. Ивановски