СВР ШТИП: С О О П Ш Т Е Н И Е

јуни 28, 2022
0 минути

По настанувањето на последните значителнио повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат во голема мерка се зголемија и потецијалните оопасности за избувнување пожари и фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите Затоа, Секторот за внатрешни работи Штип, апелира до граѓаните од општините на подрачјето на СВР Штип да бидат внимателни ако се движат или работат во поле и низ шумите, да не ги палат одпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлат неизгаснати догорчиња.

Од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип во соработка со надлежните институции се преземат превентивни мерки и активности за заштита од пожари на отворен простор, со непосредно присуство на терен на униформирани полициски службеници и претставници на надлежните институции, при што со едукација ќе се запознават граѓаните за преземање на превентивни мерки.

ВНИМАВАЈТЕ!! Мало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици, Палењето оган на отворен простор е казниво односно со пријави и можни затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и други околности и последици.

До колку граѓаните имаат потреба да пријават одреден безбедносен настан тоа можат да го сторат со повикување на бесплатниот телефонски број 192. или 112 .

НАЧАЛНИК НА СВР ШТИП

БОБИ ГИДИОСКИ