„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип Отсекот за превенција при СВР Штип со превентивно-едукативна активност на наплатна станица Кадрифаково ја стартуваше кампањата „Вози безбедно – стигни сигурно“. Активноста ја спроведоа полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип и притоа на возачите им беа делени летоци со корисни совети за возачите.
Во пресрет на зимската сезона, кампањата има за цел да ги да потсети возачите дека од 15 ноември до 15 март е задолжително поседување и носење на зимската опрема во возилата, како и да ги едуцира возачите за правилно користење на опремата.
Инаку, под пропишана зимска опрема за моторни возила до 3.500 килограми се подразбира зимски пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм на сите четири тркала или летни пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм на нагазен слој по ширина и должина и синџири за снег за погонските тркала. За возила со моторен погон на сите четири тркала (4×4) зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 6 мм или летни пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм и синџири за снег.
Зимските услови носат повисок степен на ризик: лизгави коловози поради снег, мраз или голомразица, намалена видливост поради густа магла или врнежи, подолг пат н сопирање и нестабилност при нагли движења, како и зголемена заморливост кај возачите. Затоа, СВР Штип и Отсекот за превенција апелираат до сите учесници во
сообраќајот да ги следат следниве препораки:
– следете ги информациите за временските услови на патиштата;
– прилагодете го возењето според условите на патот;
– почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патната сигнализација;
– носете зимска опрема во возилото и користете ја соодветно;
– направете проверка на возилото;
– одржувајте безбедно растојание меѓу возилата;
– избегнувајте нагло сопирање и нагло намалување или зголемување на брзината на возилото.
Безбедноста на патиштата е заедничка обврска и само така може да се изгради култура на одговорно и безбедно однесување во сообраќајот.
СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
