МВР на Република Северна Македонија
СВР Штип, 04.12.2022
СООПШТЕНИЕ
Почитувани,
Во врска со поднесените кривични пријави од ОВР Кочани до ОЈО за ГОКК, Ве информираме дека на 02.11.2022 при контрола од страна на старешинскиот кадар на ОВР Кочани е утврдено дека полициските службеници кои се товарат за стореното кривично дело не постапиле согласно законските прописи и по извршени консултации со надлежен Јавен обвинител, констатирано е дека постојат елементи на кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
По вака поднесената кривична пријава од ОВР Кочани до ОЈО за ГОКК и по добиеното Известување од страна на ОВР Кочани до СВР Штип, дека е поднесена кривична пријава против полициски службеници од страна на СВР Штип согласно чл.214 ст.1 алинеја 4 од Колективниот договор, до Бирото за јавна безбедност – МВР доставена е предлог иницијатива за отстранување на полициските службеници од работните места, кое е задолжително согласно
цитираниот член од Колективниот договор, па врз основа на предлогот изготвено е Решение од страна на МВР за отстранување од работните места.
Началник на СВР Штип
Боби Гидиоски