ОО НА СДСМ КОЧАНИ – ПОЛИТИКА НАДВОР ОД УЧИЛИШТАТА!

јуни 5, 2023
1 минути

Почитувани!

Утре (06.06) истекува и третиот по ред мандат на контраверзниот вршител на должност (ВД)  на СОУ ,,Гошо Викентиев,,– Спирко Златков.

Го прашуваме градоначалникот Љупчо Папазов дали и понатаму ќе продолжи со кршење на законите, или својата функција ќе ја користи за исполнување на желби на неговите партиски послушници. Дали лица кои не ги исполнуваат условите и неколкупати ја имаат злоупотребено својата позиција како В.Д за свои лични бенефити (каде има истражни постапки), треба да се назначуваат по трет пат на истата? Лица за кои стигнуваат поплаки за мобинг на работното место, а за дел од нив е почната и судска постапка.

С.З излегуваше на пресконференција дека му е одземено правото да полага испит за директори, но дали откако полагаа кандидатите во есенскиот рок тој го положи испитот?

Апелираме го градоначалникот, да престане со рушење на угледот  и достоинството на професијата – професор, да престане со рушење на ова средно општинско училиште. Целата кочанска јавност знае дека по трет пат се назначува лице за В.Д директор на кочанското средно општинско училиште,  без неопходниот положен испит за директор. Затоа утре очекуваме одлука од градоначалникот која ќе биде правно издржана, ефективна и во функција на нашите ученици, нашата иднина.

Со почит,

ОО СДСМ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ