Ознака: фк осогово
ВЕТЕНОТО ОСТВАРЕНО, „ОСОГОВО“ НЕПОРАЗЕНО ВО ГЕВГЕЛИЈА
Она што играчите и Стручниот штаб на „Осогово“ го ветија пред натпреварот против „Кожуф“ во Гевгелија, го остварија. Најавија дека ќе отпатуваат без бело знаме и според играта што ја прикажаа заслужено дојдоа до посакуваниот бод. „Жетварите“ одиграа храбро, борбено и рационално, иако домаќините беа тие што повеќе се обидуваа да дојдат до погодок ,…
„ОСОГОВО“ ЈА РАЗМОНТИРА „ПОБЕДА“ НА НАЈСИТНИ ДЕЛОВИ
Во еден од поефикасните натпревари во второлигашката конкуренција, денес во Кочани во рамките на 11-тото коло „Осогово“ ја совлада „Победа“ од Прилеп со 6:0 (3:0). Уште на самиот старт на натпреварот се виде дека гостите се определија на чување на почетниот резултат без некаква амбиција да се подотворат и да напаѓаат кон голот на домаќините….
НОВ ПОРАЗ ЗА „ОСОГОВО“ НА ГОСТУВАЊЕТО ВО ТЕТОВО
Се одиграа натпреварите од 10-тото коло во Втора Фудбалска Лига а екипата на „Осогово“ и овој пат на гостувањето во Тетово против домаќинот „Тетекс“ доживеа пораз од 0:3 (0:2). Не се прослави одбраната на „жетварите“ која повеќе изгледаше порозна отколку цврста, трите погодока кои домаќините ги постигнаа преку Азис Јамини (33’42’) и Славчо Мисајловски (53’)…
ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ЗАГУБИ, НО НЕ РАЗОЧАРА
Се одиграа натпреварите од 9-тото коло кое пред една седмица беше одложено поради Локалните избори. Екипата на „Осогово“ на тешкото гостување кај еден од претендентите за највисок пласман „Шкендија“ (А) претрпе пораз. Кочанчани загубија, но не разочараа, напротив сакаа да се надигруваат, напаѓаа кога ќе добиеја можност, но домаќините упорно и со многу голема борбеност…
ПРИЗНАНИЈА ЗА 100 НАТПРЕВАРИ ВО „ОСОГОВО“ ЗА ЃОРЃИ ЈОВАНОСКИ И СТОЈАНЧЕ ТРЕНЧЕВ
ГФК Осогово пред првенствениот натпревар со “Беласица” им оддаде признание на голманот Ѓорѓи Јованоски и левиот бек Стојанче Тренчев по повод значајниот јубилеј “Одиграни 100 првенствени натпревари за ГФК Осогово”. Од управата на “Осогово” најавија дека одбележувањето на вакви јубилеи ќе стане редовна пракса за ангажманот и лојалноста на фудбалерите. КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И …
„ЖЕТВАРИТЕ“ ШТО ВЕТИЈА ТОА ОСТВАРИЈА
Она што го ветуваа пред натпреварот играчите на „Осогово“ го остварија на теренот. Денес на големиот Македонски празник 11 Октомври, во рамките на 8-то коло од Втора Фудбалска Лига „Осогово“ како домаќин ја совлада високо пласираната „Беласица“ со 3:1 (1:0). Жетварите денес одиграа мошне добар натпревар, поведоа во раната фаза а потоа со борбена и…
ДРАГАН ПАУНОВ ГО РЕШИ КОМШИСКОТО ДЕРБИ
Со дисциплинирана и сигурна игра денес во Виница играчите на „Осогово“ сосема заслужено ги освоија трите бода со што ја продлабочија кризата на виничани. Натпреварот беше решен во 65’ кога Драган Паунов кој штотуку влезе во игра по првиот допир со топката на одличното додавање на Жоглев со удар по земја го погоди долниот десен…
ЕВРО ГОЛОТ НА ФИЛИП ЃОРЃИЕВСКИ ГИ РАСПЛАКА „ЖЕТВАРИТЕ“
Се играше 77’ кога гостите беа во напад, топката дојде десно од работ на шеснаесетникот до слободниот Филип Ѓорѓиевски кој со прекрасен удар го погоди горниот десен агол на немоќниот домашен голман Ѓорѓи Јованоски. Тој момент се покажа како решавачки на денешната средба и гостите сосема заслужено со три бода си заминаа за Радовиш. Инаку…
„ОСОГОВО“ СО ЦЕЛ ПЛЕН СЕ ВРАЌА ОД ГОЛЕМО КОЊАРИ
Она што го најавивме пред одигрувањето на натпреварите од 5-тот коло играчите на „Осогово“ во целост го реализираа. Имено на гостувањето во Големо Коњари против истоимениот второлигаш забележаа победа од 2:0 (1:0) и се искачија неколку места на табелата. „Жолто-сините“ беа подобар противник од домаќинот и со головите на Дамјан Стојковски во 32’ и Марио…
ДЕНЕС ВО КОЧАНИ КОЛАБИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ!
Денес во Кочани по кој знае кој пат во изминатите шест месеци гледачите беа сведоци на тенденциозно судење на судии кои едноставно залутале на фудбалскиот терен а згора на се, некој ги делегирал да отсудат второлигашки натпревар. Денес, по одиграните 90’ најчестиот збор од гледачите беше дека фудбалот колабираше. Воопшто не е добро кога едно…
