Ознака: фк осогово

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВО КОЧАНИ МРЕЖИТЕ МИРУВАА
Во рамките на 24-тото коло од Втората Фудбалска Лига во Кочани „Осогово“ и „Беласица“ одиграа слаб и здодевен натпревар. Ако во првото полувреме нешто и се случуваше особено пред голот на гостите, во вториот дел гледачите не видоа речиси ништо, двете екипи упатија само по еден директен удар кон противничките голмани. „Осогово“ овој значаен натпревар…

ОСОГОВО ПОТКЛЕКНА ВО ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ, ШТИПЈАНИ И ОТКИНАА ДВА БОДА НА БРЕГАЛНИЦА
Се одиграа натпреварите од 23-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Екипата на „Осогово“ на тешкото гостување во Гостивар загуби од екипата на „Аресми“. Пред почетокот на натпреварот раководството на клубот и навивачите на домашниот клуб им оддадоа почит на жртвите во пожарот пред три седмици во кој 60 млади луѓе го загубија животот. Што се…

ВО НАТПРЕВАР ПОЛ СО ЕМОЦИИ МИРУВАА МРЕЖИТЕ ВО КОЧАНИ
Во рамките на 22-рото коло од Втора Фудбалска Лига „Осогово“ и лидерот на табелата „Македонија ГП“ одиграа натпревар без голови. Во досега најемотивниот натпревар во историјата на кочанскиот фудбал по мокар терен на места и со мали езерца кочанчани со една мошне пожртвувана игра останаа непоразени пред својата многубројна публика. Самиот натпревар започна со минута…

ДЕНЕШНАТА ПОБЕДА НА „ОСОГОВО“ ВО ВЕЛЕС ПОСВЕТЕНА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА
Денес се одиграа натпреварите од 21-то коло во Втората Фудбалска Лига, кое по трагедијата во Кочани каде 59 млади луѓе го загубија животот во мистериозната дискотека „Пулс“, ФФМ го помести за денот по жалоста. Со головите на Владимир Жоглев во 4’ и 60’ и на Кристијан Ристовски во 56’ од пенал „Осогово“ како гостин го…

ВО РЕГИОНАЛНОТО ДЕРБИ „БРЕГАЛНИЦА“ СО ТРИ БОДА ЗАМИНА ЗА ШТИП
По сончево и пријатно време за игра во рамките на Втората Фудбалска Лига се одигра натпреварот „Осогово“ – „Брегалница“ кој беше прогласен за дерби на Регионот и требаше дадонесе добар и неизвесен фудбал. Но од дерби остана само првото Д бидејќи немаше фудбал речиси прелу целиот натпревар. Гостите во првото полувреме од две шанси постигнаа…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ПРВА ПРОЛЕТНА ПОБЕДА ЗА „ОСОГОВО“
Денес се одиграа натпреварите од 19-тото вонредно коло во Втората фудбалска лига. Екипата на „Осогово“ на гостувањето во Радовиш ја забележа првата пролетна победа. Кочанчани заминаа на ова тешко гостување без бело знаме но и со верба во сопствените можности дека со максимално залагање можат да го изненадат фаворизираниот „Детонит Плачковица“. Во 30’ минута Паунов…

ДАЛИ ГЛАВНИОТ СУДИЈА НА НАТПРЕВАРОТ ИМ СКРАТИ ДВА БОДА НА КОЧАНЧАНИ?
Не е пракса да се започне еден извештај од спортски настан а да во главна улога биде судијата. Епа денес и тоа правило е прекршено бидејќи она што ние а и сите гледачи на трибините го видоа е дека главниот судија на натпреварот „Осогово“ – „Кожуф“ Ристе Сејменов од Струмица покажа како не треба да…

„ОСОГОВО“ СО БОД СЕ ВРАЌА ОД СКОПЈЕ
Онака како што ветија пред натпреварот, играчите на „Осогово“ во целост го реализираа. Во Скопје. Кочанчани во рамките на 17-тото коло му гостуваа на „Скопје кое важеше како фаворит на овој натпревар, но „жетварите“ со борбена и дисциплинирана игра одиграа без голови. На „воденицата“ на кочанчани оди и поразт на „Борец“ на домашен терен од…

„ЛОЗАРИТЕ“ ПОУСПЕШНИ ОД „ЖЕТВАРИТЕ“. „ОСОГОВО“ ЗАГУБИ ВО НЕГОРИНО
Иако со големи амбиции екипата на „Осогово“ замина за Негорино, сепак со празни раце се врати по одигрувањето на шеснаесеттото, прво пролетно коло во Втора Фудбалска Лига. Кочанчани се на деваа дека со бод или три ќе се вратат од ова гостување но иако имаа две шанси на почетокот на натпреварот сепак не успеаја да…

ГФК „ОСОГОВО“: СООПШТЕНИЕ
Иако беше предвидено генералката пред почетокот на вториот дел од првенството да се одигра во Виница против тимот на Слога, сепак тимот од Виница го одложи овој натпревар, а Осогово одигра генералка натпревар против БВК Коњаре екипа која се натпреварува во Трета лига-Север, најдобриот регион во третите лиги. Натпреварот се одигра во Скопје, а Осогово…