Денес се одиграа натпреварите од 19-тото вонредно коло во Втората фудбалска лига.
Екипата на „Осогово“ на гостувањето во Радовиш ја забележа првата пролетна победа. Кочанчани заминаа на ова тешко гостување без бело знаме но и со верба во сопствените можности дека со максимално залагање можат да го изненадат фаворизираниот „Детонит Плачковица“. Во 30’ минута Паунов нафрли од левата страна длабоко во шеснаесетникот на домаќините, акцијата ја следеше Жоглев кој во полн трк биеше од прва и мрежата на домаќините се затресе. На крајот се испостави дека ова беше и единствениот погодок на средбата со кој трите бодови заслужено заминаа за Кочани.
Во ова коло водечките четири екипи извојуваа победи па на врвот на табелата не дојде до некои поместувања. Борец како домаќин славеше против „рударите“ од Македонска Каменица исто како и Охрид против екипата на Вардар. Екипата на Скопје со три бода се враќа од гебгелија.
Резултати од 19-тото коло
Детонит Плачковица – Осогово 0:1
Аресими – Победа 1:0
Беласица – Башкими 1:2
Борец – Каменица 2:1
Брегалница – Вардарски 2:0
Кожуф – Скопје 0:1
Македонија ГП – Новаци 4:0
Охрид – Вардар 1:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ