Ознака: сообраќај
ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА ВО ЦГР ВО КОЧАНИ
Продолжува поставувањето на сообраќајната сигнализација во централното градско подрачје на Кочани Во понеделник, 22.12.2025 година, продолжува поставувањето на сообраќајната сигнализација на улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“, на потегот од мостот кај Шопингот до мостот кај Плоштадот. Бележењето на хоризонталната сигнализација ќе се реализира со поддршка на полициски службеници од Одделението за безбедност во…
СМЕНЕТ РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ ВО КОЧАНИ
Започна да се применува новото сообраќајно решение во централното градско подрачје на Кочани. „Од новото сообраќајно решение очекуваме подобрување на движењето во Кочани, подобра циркулација, побрз проток и побезбеден пристап. Сообраќајното решение не е комплицирано, од овде, од кружниот тек кај Полициската станица по улицата во насока од југ кон север по „Кеј на револуција“…
СТАПУВА НА СИЛА НОВИОТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА КОЧАНИ
Од утре, среда, 17 декември 2025 година, со почеток во 9 ч. ќе започне најавената измена на сообраќајниот режим од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“ до кружниот тек кај Двојниот мост. Изменетиот режим ќе се имплементира со поддршка од полициски службеници…
ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА КОЧАНИ
Од денеска започнаа подготовките за најавената измена на сообраќајниот режим во централното градско подрачје на Кочани. Се поставува вертикалната сигнализација на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“. Изменетиот режим ќе се применува по целосното поставување на вертикалната сигнализација, а првите…
ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – КАМПАЊА ПОД МОТОТО „ВОЗИ БЕЗБЕДНО – СТИГНИ СИГУРНО“
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани и Општина Кочани на територијата на градот Кочани и на експресниот пат Штип – Кочани реализираа теренска акција во која потсетуваа за законската обврска за задолжително носење зимска…
ВРЕМЕНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈОТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“
Поради градежни работи, од 31 октомври ќе биде воспоставен времен режим на дел од улицата „Бел камен“ во Кочани. Заради безбедно движење, се повикуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА КОЧАНИ
Наскоро ќе се промени режимот на сообраќај на двете главни улици во централното градско подрачје во Кочани, согласно изработена сообраќајна документација. Сообраќајот на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, со дел од ул. „Тодосија Паунов“ и ул. „Кеј на Револуцијата“ ќе се одвива еднонасочно, во правец југ-север до мостот кај Градскиот плоштад….
КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ
Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта – P170267 со Министерството за транспорт и Светска банка, Општина Кочани спроведува проектна задача за подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот. Како една од десетте општини во РС Македонија, Општина Кочани со ОУ „Никола Карев“ спроведе кампања во која беа опфатени учениците од сите одделенија….
ОБНОВЕНИ „ЛЕЖЕЧКИ ПОЛИЦАЈЦИ“ НА ПЕТ УЛИЦИ ВО КОЧАНИ И ОРИЗАРИ
Во интерес на безбедноста на учениците, Општина Кочани ги промени успорувачите на сообраќај на улиците околу основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ во Кочани, „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари и кај објектот на Детската градинка „Павлина Велјанова“ на ул. „Македонска“ во Кочани. По изработката на сообраќајни проекти ќе се постават сообраќајна сигнализација…
ПРЕВЕНТИВНИ СООБРАЌАЈНИ АКТИВНОСТИ: БЕЗБЕДНО ЛЕТО, ВОЗИ ОДМОРЕН
Општина Кочани со полициски службеници од ПО за БПС – Кочани и ОСБСП – Кочани, на експресниот пат Штип – Кочани спроведе превентивна активност на тема „Безбедно лето, вози одморен“. Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила се укажа на ризиците во летните денови, посебно при патувања на подолги дестинации и потребата да возат…
