Ознака: сообраќај
ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – КАМПАЊА ПОД МОТОТО „ВОЗИ БЕЗБЕДНО – СТИГНИ СИГУРНО“
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани и Општина Кочани на територијата на градот Кочани и на експресниот пат Штип – Кочани реализираа теренска акција во која потсетуваа за законската обврска за задолжително носење зимска…
ВРЕМЕНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈОТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“
Поради градежни работи, од 31 октомври ќе биде воспоставен времен режим на дел од улицата „Бел камен“ во Кочани. Заради безбедно движење, се повикуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА КОЧАНИ
Наскоро ќе се промени режимот на сообраќај на двете главни улици во централното градско подрачје во Кочани, согласно изработена сообраќајна документација. Сообраќајот на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, со дел од ул. „Тодосија Паунов“ и ул. „Кеј на Револуцијата“ ќе се одвива еднонасочно, во правец југ-север до мостот кај Градскиот плоштад….
КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ
Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта – P170267 со Министерството за транспорт и Светска банка, Општина Кочани спроведува проектна задача за подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот. Како една од десетте општини во РС Македонија, Општина Кочани со ОУ „Никола Карев“ спроведе кампања во која беа опфатени учениците од сите одделенија….
ОБНОВЕНИ „ЛЕЖЕЧКИ ПОЛИЦАЈЦИ“ НА ПЕТ УЛИЦИ ВО КОЧАНИ И ОРИЗАРИ
Во интерес на безбедноста на учениците, Општина Кочани ги промени успорувачите на сообраќај на улиците околу основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ во Кочани, „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари и кај објектот на Детската градинка „Павлина Велјанова“ на ул. „Македонска“ во Кочани. По изработката на сообраќајни проекти ќе се постават сообраќајна сигнализација…
ПРЕВЕНТИВНИ СООБРАЌАЈНИ АКТИВНОСТИ: БЕЗБЕДНО ЛЕТО, ВОЗИ ОДМОРЕН
Општина Кочани со полициски службеници од ПО за БПС – Кочани и ОСБСП – Кочани, на експресниот пат Штип – Кочани спроведе превентивна активност на тема „Безбедно лето, вози одморен“. Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила се укажа на ризиците во летните денови, посебно при патувања на подолги дестинации и потребата да возат…
ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА ВО СООБРАЌАЈОТ
На крајот на учебната година, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Општина Кочани и Одделението за внатрешни работи – Кочани организираше интерактивни работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“. Со едукацијата беа опфатени учениците до петто одделение во ОУ „Малина Попиванова“ и ОУ „Св. Кирил и…
ЕДУКАЦИЈА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА МЛАДИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ
Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани и МВР ОВР ПС Кочани одржаа едукативни предавања во двете средни училиште во Кочани како дел од кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот – посветена на матурантите. Во рамките на предавањата, преку мултимедијална презентација, учениците матуранти од СОУ „Гошо Викентиев“ и…
КОЧАНЧАНЕЦ ЛИШЕН ОД СЛОБОДА, ВОЗЕЛ СО 1,57 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА
Денеска (11.05.2025) во 00.23 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.А.(46) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека…
БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО – ТРИБИНА ЗА ЗАКОНСКИТЕ ОБВРСКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ И МОТОЦИКЛИ
На темата Безбедноста на прво место, во Спортската сала „Сашо Лазарев-Чапо“ во Кочани, се одржа трибина посветена на учесниците во сообраќај со велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли. Општина Кочани, МВР ОВР Кочани ПО за БПС Кочани и ОСБСП Кочани, со поддршка од ИПА – Интернационалната полициска асоцијација и…
