Ознака: вандализам
УНИШТУВАЊЕТО НА ОПШТЕСТВЕНИОТ ИМОТ СТАНА СЕКОЈДНЕВИЕ
Фотографиите кои што ги добивме го отсликуваат секојдневието, во кое закони има само на хартија, но никој не се труди да ги претвори во реалност. Како што не информираат жителите од горниот дел на градот (од училиштето Раде Кратовче па нагоре) ова се случува во ноќните часови кога младите од само нивни познати причини ги…
НОВ ВИКЕНД, НОВО ДИВЕЕЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИОТ ИМОТ
Како што не известија станарите од зградата кај некогашниот „Кармин“ во доцните ноќни часови во саботата кон неделата неколкумина лица повторно дивееле на заедничкиот имот, поточно овој пат се нафрлиле на клупите и видно ги оштетиле. Чудно е во целата оваа приказна што тие додека ги кршеле викале на сиот глас без да има некој…
ШТО ДА СЕ КАЖЕ КОГА ЌЕ СЕ ПОГЛЕДНАТ ФОТОГРАФИИТЕ?
Среда, 22:05 часот, Градски Трговски центар – Кочани. Фотографиите јасно покажуваат како и деца се изживуваат на општествениот имот поставен да се собира сметот, а нема кој да ги опомене не пак да ги повика Нивните родители на информативен разговор. Ниту полицијата е присутна, ниту пак граѓаните иако сето ова го гледаат не се занимаваат…
НОЌНИОТ ЖИВОТ НА МЛАДИТЕ ВО КОЧАНИ
Овие фотографии се од Детското игралиште кое неодамна беше пуштено во употреба а се наоѓа на северната страна во „Паркот на Револуцијата“. Жителите што живеат во непосредна близина на детското игралиште како што истакнуваат во доцните вечерни часови имаат проблем со младите кои го користат за како што истакнаа т,н, изживување. „Не знаеме кому веќе…
НОВ ВАНДАЛИЗАМ НА ОНИЕ БЕЗ ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ
Убаво уредениот детски парк во Белското маало веднаш до улицата „1-ви Мај“ беше мета на лица кои немаат ниту ронка домашно воспитување, туку се пуштени како „стока од аргач“ да хараат по градот и под дејство на алкохол, или некоја друга супстанца да го уништуваат сето она кое на сите нам ни припаѓа. Жителите на…
ДРУГАТА СТРАНА НА КОЧАНИ – НИТУ СЕ ЧУВА, НИТУ СЕ ОДРЖУВА
Се потрудил некој странец да вложи средства за да ни направи урбано и убаво место за живеење, за жал заборавил дека тоа се вложува онаму каде што е развиена цивилизацијата, а онаму каде нешто застано пред неколку века, тешко. Фотографиите се направени на потегот од „Бавчалук“ па кон првиот мост на влезот во градот. Тие…
ОСУДА ЗА ВАНДАЛИЗМОТ ВО КОЧАНИ
Денеска, 25 август 2022 година, на повеќе објекти во градот Кочани се забележани вандалски постапки со лепење фотографии со текстови и со обележја на бугарски симболи. Општина Кочани најостро ги осудува ваквите постапки и бара од МВР – ОВР – ПС Кочани да ги прегледаат сите видеонадзори на околните објекти за да ги пронајдат сторителите…
НАДЛЕЖНИТЕ НЕ РЕАГИРААТ, ВАНДАЛИЗМОТ ПРОДОЛЖУВА
Искршените корпи за отпадоци, уништените реквизити во детските игралишта, цртањето графити на „Споменикот на слободата“, уништени и украдени метални огради од ПД „АСНОМ“ и Рекреативниот Центар „Бавчалук“ станаа минато, сега целта на вандалите се опкружувањата на најмладите, на градинките. Фотографиите се направени утринава (првиот работен ден од оваа седмица) во Детска Градинка „Павлина Велјанова“ – …