НОВ ВАНДАЛИЗАМ НА ОНИЕ БЕЗ ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ

јуни 22, 2023
1 минути

Убаво уредениот детски парк во Белското маало веднаш до улицата „1-ви Мај“ беше мета на лица кои немаат ниту ронка домашно воспитување, туку се пуштени како „стока од аргач“ да хараат по градот и под дејство на алкохол, или некоја друга супстанца да го уништуваат сето она кое на сите нам ни припаѓа.

Жителите на ова маало се пожалија дека ноќта дошле од некаде се распослале по паркот и почнале да ги уништуваат корпите за отпадоци не баре нивните родители (доколку така може да се наречат) ги имаат купено.

 

И ова не е само вечерва што се случило, тој тренд убедени сме дека ќе продолжи. Зборот демократија некои поинаку го сфатија, па мислат дека никој ништо не им може а тие можат да уништуваат што кога ќе посакаат.

Залудно е да ги повикуваме институциите бидејќи досегашните апели не дадоа никаков резултат, па можеби најдобро ќе биде жителите да почнат сами да ја бараат правдата и на други начини да го заштитуваат заедничкиот имот. Дали ако тие ги најдат виновниците и на самото место ги казнат ќе биде демократски или тогаш институциите ќе реагираат.

Времето истече, на ред се советниците да најдат модул, да изгласаат одлука за да вакво нешто повеќе не се повторува.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ