Ознака: жфк кочани

ЖФК „КОЧАНИ“ СО РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР ЈА ПРОСЛАВИ ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА
Со одигрувањето на ревијалниот натпревар помеѓу младинската и сениорската екипа ЖФК „Кочани“ ја прослави Шампионската титула, односно освојувањето на првото место во Втора Фудбалска Лига за жени и обезбедување пласман во Првата Фудбалска Лига за жени во следното првенство. На долгогодишниот капитен на екипата Симона Веселинова и беше оддадено посебно признание која ја заврши својата…

ЖФК „КОЧАНИ“: ВО НЕДЕЛА РЕВИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР
Во Недела со почеток во 16.30 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар помеѓу младинската и сениорската екипа на ЖФК “Кочани “– Кочани, На самиот натпревар освен што ќе се прослави освојувањето на шампионската титула во Втората Македонска Фудбалска Лига за жени, и официјално од активното играње ќе се…

АФРОДИТА САЛИХИ БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА ВО ТРКАТА ЗА НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ
Во неделата со одигрувањето на четирите натпревари се спушти завесата во годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига за жени. Екипата на „Кочани“ со 13 победи и само еден нерешен резултат и освоени 40 бодови е Шампион во лигата и од наредната сезона ќе се натпреварува во Првата Фудбалска Лига за жени. Гол разликата е импресивна,…

ЖФК „КОЧАНИ“ Е НОВИОТ СТАР ПРВОЛИГАШ
Со победата од 1:0 над второпласираниот „Вардар“ на гостински терен, девојчињата на ЖФК „Кочани“ со 13 победи и само еден нерешен резултат сосема заслужено ја освоија шампионската титула во Втора Фудбалска Лига за жени. Кочанчанки од следната сезона ќе се натпреваруваат во првата лига во која пред повеќе од десет години ја имаат освоено шампионската…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ПОСЛЕДНОТО КОЛО ЌЕ РЕШАВА ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА
Се диграа натпреварите од 13-тото претпоследно коло во Втората Фудбалска Лика за жени, по што стана сосема јасно дека во последното коло ќе се знае која екипа ќе биде шампион во лигата и ќе обезбеди директен пласман во Првата Фудбалска Лига за жени а која второпласирана екипа ќе игра бараж за влез во повисокиот ранг….

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ КОЛА СЕ РЕШАВА ШАМПИОНАТОТ
До крајот на првенството во Втора Фудбалска Лига за жени остануваат да се одиграат уште две кола по кои ќе биде познато која екипа директно влегува во Првата Фудбалска Лига за жени, а која ќе игра бараж. Со головите на Стојановска во 8’, Салихи во 32’36’51’ и Веселинова 57’ лидерот на табелата „Кочани“ без поголеми…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, НА ВРВОТ БЕЗ ПРОМЕНИ
По лоши услови за игра се одиграа натпреварите од 11-тото во Втора Фудбалска Лига за жени. На четирите натпревари постигнати се 24 погодоци или во просек по 6 на натпревар. Првопласираните четири екипи забележаа победи па така табелата остана без промени. Со головите на Веселинова во 2’, Салихи во 4’9’25’47’ 57’62’74’ и Стојковска во 17’59’68’…

ТРИТЕ ВОДЕЧКИ ЕКИПИ СО ВИСОКИ ПОБЕДИ ГО ЗАВРШИЈА КОЛОТО
Се одиграа натпреварите од 10-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени. Трите првопласирани екипи забележаа високи победи со што разликата во бодовите остана непроменета. На четирите натпревари постигнати се 33 погодока или во просек 8,25 по натпревар што зборува за квалитетот во лигата. Екипата на „Кочани“ на гостувањето во Радовиш против домаќинот „Плачковица“ забележа…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, НОВИ ПОБЕДИ ЗА ВОДЕЧКАТА ТРОКА
Денес на програмата беа натпреварите од 9-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени, Во три натпревари славеа домашните екипи а само на еден натпревар немаше победник. Лидерот на табелата „Кочани“ со головите на Салтирова во 12’ и на Велкова во 42’ рутинирано ја совлада екипата на „Порече“ со резултат 2:0 (2:0). Второпласираниот „Вардар“ убедливо…

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ПРВО РЕМИ ЗА КОЧАНЧАНКИ
Стартуваа натпреварите во Втора Фудбалска Лига за жени. Се одигра 8-то коло во две победи забележаа домашните екипи а на еден натпревар триумфираа гостите додека дерби натпреварот во кочани помеѓу истоимената екипа и „Билјанинио извори“ од Охрид заврши без победник. Иако кочанчанки важеа за големи фаворити иако имаа водство од 3:1 сепак на крајот мораа…