На 26.04.2022 во 16.55 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во
с.Спанчево, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од Г.Т.(56) од с.Спанчево и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тркање, кочанско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Клинички центар Штип.
Според пријавеното, веднаш по несреќата, Г.С.(45), родител на малолетникот, пристигнал на местото и физички го нападнал Г.Т..
Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип