Се одиграа натпреварите од 9-тото коло во во Трета Фудбалска Лига – Исток.
Стрелците беа мошне расположени, на петте натпревари постигнати се вкупно 25 погодоци или просечно по 5 на секој натпревар.
Најефикасно беше во Дојран каде беа постигнати вкупно 10 погодоци. Во Струмица се постигнати 7, во Турново 5 погодоци, а во Карбинци 2. Најмалку погодоци беа постигнати во Берово, 1.
По деветте одиграни кола нема промена на првите четири места на табелата. Победа од Валандово и понатака е лидер со реални шанси да ја понесе титулата „Есенски шампион“.
Резултати од 9-тото коло?
Дојранско Езеро – Овче Поле 4:6
Хоризонт Турново – Светлост 4:1
Малеш – Ударник 0:1
Тиверија – Победа (В) 1:6
Карбинци – Брегалница (Д) 1.1
Слободна беше екипата на Рудар од Пробиштип.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
