ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА ПРИЗНАНИЈАТА ОД СПОРТОТ ВО КОЧАНИ ЗА 2022 ГОДИНА

Во Спорт
јануари 23, 2023
0 минути

Општина Кочани во соработка со спортските новинари од Кочани на состанокот што се одржа денес во малата сала во Општина Кочани ги разгледаа предлозите поднесени од спортските клубови и здруженија за годинешната манифестација „Избор на спортист за 2022 година“.

Тоше Манов од ГФК „Осогово“ е избран за спортист на Кочани за 2022 година. На второто место според освоените поени при гласањето е Филип Стојанов од Карате Клуб „Партизан“. Третото место е резервирано за Јована Давиткова предложена од Сојузот на училишен спорт. Четвртото место го поделија Мартин Андонов од КГС „Кочани“ и Симона Веселинова од ЖФК „Кочани“. Шестопласирана е Наталија Карова од Карате Клуб „Кочани“.

Во категоријата „Млад надежен спортист“ клубовите предложија вкупно 14 спортист а комисијата одлучи како и претходните години на сите да им врачи признанија за постигнатите резултати во 2022 година.

За „Најдобар тренер“ е прогласен Оливер Јовановски од ЖФК „Кочани“, а за „Најдобар екипа“  Пингпонгарскиот Клуб „Кочани“.

Признанието „Спортски работник“ ќе му биде врачено на Бранко Богатинов кој низа години несебично помага во сите активности на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

Посебни признанија ќе им бидат врачени на Јован Манев кој успешно ги брани боите на „Адана Демирспор“ член на Супер лигата на Турција и на ЗГ „Никола Мантов“ за несебично помагање во доделување на опрема на младите категории на ГФК „Осогово“ и за опремување со реквизити теретаната на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

Терминот и местото за доделување на признанијата дополнително ќе бидат одредени.

С.  Ивановски