ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ЕСЕНСКАТА СЕЗОНА ВО ЗНАКОТ НА ТОШЕ МАНОВ

Во Спорт
декември 8, 2025
0 минути

Минатиот викенд завршија натпреварите од есенската сезона во Трета Фудбалска Лига – Исток. Екипата на „Победа“ од Валандово заслужено ја понесе титулата  „Есенски шампион“, но кога е во прашање индивидуалноста  сепак сезоната ја одбележа Тоше Манов кој ја понесе титулата „Голгетер на лигата“.

Тоше Манов по десет години поминати во ФК „Осогово“ годинава тој и клубот се разделија. „Осогово“ со други сили тргна во второлигашките натпревари, додека Манов замина во третолигашот „Овче Поле“ од Свети Николе кој пред почетокот на сезоната имаше големи амбиции.

Светиниколчани го ангажираа и не зажалија, на 11 натпревари Тоше Манов постигна 14 погодоци и ја понесе титулава „Голгетер на лигата“.

Времето минува, но навиките кај некои луѓе остануваат. Во случајот на Тоше Манов навиката и осетот за постигнување голови остана. Знаејќи за каков играч станува збор тие навики уште долго ќе траат а каде и во кој клуб времето ќе покаже.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ