„ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР 2022“ – ВТОР ДЕН, ДЕРБИ НАТПРЕВАРОТ ЗА „АУТО ВЕЛТ“

Во Спорт
јуни 26, 2022
0 минути

На вториот ден од годинешниот „Петровденски турнир 2022“ се одиграа три натпревари.  Уште при одредувањето на двојките вниманието го привлекуваше натпреварот од  групата „Б“ – „Ауто Велт“ – „Масив Дизајн“ кој беше прогласен за еден од дерби натпреварите по групи. Самиот натпревар донесе добар фудбал во кој на крајот сосема заслужено славеа „автомобилистите“ со 3:1.

Во предигра на овој натпревар од истата група се сретнаа „Виктори“ и „ПЗУ Панов“. Играчите од обете екипи одиграа еден интересен, ефикасен и крајно неизвесен натпревар за што сведочи и конечниот резултат 4:4.

Од групата „Г“ „АНТ Градски“ славеше над „Детелинка“ со 3:2 и си обезбеди пласман во понатамошното натпреварување.

Третото коло е закажано за во Вторник кога на програмата е еден натпревар од групата „Г“ и два натпревари од групата „В“.

С. Ивановски