ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОВЧЕ ПОЛЕ“ ОСАМЕНО НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА

Во Спорт
септември 21, 2025
1 минути

Се одиграа натпреварите од 3-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток по кое екипата на „Овче Поле“ по победата на домашен терен а по нерешениот резултат во Пробиштип остана осамено на врвот на табелата.

Во денешното коло на петте натпревари постигнати се вкупно 22 погодоци или во просек 4,4 по натпревар. На два натпревари триумфираа домаќините, на два гостите а еден натпревар заврши без победник.

Најмногу погодоци беа постигнати во Турново вкупно 10, по 4 се постигнати во Зрновци и Свети Николе, а по 2 во Пробиштип и Дојран.

Резултати од 3-тото коло:

Зрновци – Победа (В)  1:3

Овче Поле – Брегалница (Д)  4:0

Рудар – Карбинци  1:1

Дојранско Езеро – Тиверија  0:2

Хоризонт Турново – Малеш  9:1

На табелата води Овче Поле со 9 бода пред Рудар со 7, Хоризонт Турново и Победа (В) со по 6, Карбинци 4, Брегалница (Д), Дојранско Езеро,  Тиверија и Ударник со по 3 и Светлост и Малеш се без бодови.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ