„ИСИ ЧЕШИНОВО 2022“ – СИЛЕН СТАРТ НА „КАРБИНЦИ“ И „СЛОГА ВИНИЦА“

Во Спорт
јули 15, 2022
1 минути

Во средата и четвртокот  продолжија натпреварите на годинешните Илинденски Спортски Игри.

Екипите на „Карбинци“ и „Слога Виница“ имаа успешен старт. Со играта што ја прикажаа двете екипи покажаа дека атакуваат на висок пласман на турнирот.

Во средата екипата на „Карбинци“ го совлада „Облешево“ со 3:1, додека во четвртокот најпрвин „Слога Виница“ ја декласира екипата на „Спанчево“ 6:3, додека истиот ден во вториот натпревар немаше победник, „Бање“ и „Жиганци“ одиграа 1:1.

Натпреварите продолжуваат во Сабота:

17:00  „Чифлик“ – „Кучичино“

19:00  „Академија Чешиново-Облешево“ – „Соколарци“

С. Ивановски