СЕ ВРАЌА ЛИ ГОРАН АНГЕЛОВ НА ЧЕЛО НА „СЛОГА 1934“?

Во Спорт
јуни 28, 2022
0 минути

Како што дознаваме,низ Виница на големо се зборува дека некогашниот градоначалник на Општина Виница и Претседател на „Слога“, Горан Ангелов се враќа на чело на второлигашот од Виница.

„Слога 1934“ иако во изминатото првенство долго време се наоѓаше на челната позиција во Втора Фудбалска Лига – Исток, на крајот на првенството го заврши на третата позиција што покажа дека новите струи во клубот лошо изменаџираа, особено во финишот на првенството иако претходно имаа добра база за високи дострели.

Многумина бараат промени., особено во раководниот кадара за да се продолжи онаму каде што се застана и токму тие истите како решение прстот го вперуваат во Горан Ангелов.

Сакајќи да ја провериме веродостојноста на овие муабети стапивме директно во контакт со Горан Ангелов кој летниот одмор моментно го минува во родната Виница. На нашето прашање дали се враќа на чело на виничкиот второлигаш добивме неконкретен одговор. Ангелов ниту ја потврди оваа вест а ниту испата ја негираше.

Но да почекаме, време и има и нема и час побрзо ќе ја дознаеме вистината на овие муабети.

С. Ивановски