ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „СЛОГА 1934“ – ЧЕТИРИ ОД ЧЕТИРИ

Во Спорт
октомври 7, 2024
1 минути

Она што познавачите на фудбалот во источниот дел од земјата го најавуваа пред почетокот на новото првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток, почна да излегува на виделина

За повеќето од нив како главен кандидат за освојувањето на првото место се спомнуваше екипата на „Слога 1934“ од Виница, а по досега одиграните четири кола тоа и се потврдува.

Виничани како да немаат сериозен конкурент во лигата, тие на досегашните четири натпревари остварија исто толку победи и со 12 освоени бода се лидери на табелата.

Единствено засега ги следи младата екипа на „Овче Поле“ но и таа колку ќе има здив да го издржи ова темпо допрва ќе се види.

Резуктати од 4-тото коло:

Хоризонт Турново – Слога 1934  0:3

Светлост Зрновци – Брегалница 1926  2:3

Ударник – Тиверија  2:3

Дојранско Езеро – Малеш  3:1

Карбинци – Овче Поле  0:2

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ