ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „СЛОГА 1934“ ГО ТОРПЕДИРАШЕ „МАЛЕШ“

Во Спорт
март 11, 2025
1 минути

Со одигрувањето на петте натпревари во Неделата започнаа натпреварите од пролетниот дел на првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Во 10-тото коло постигнати се 24 погодоци што е добар знак дека гледачите ги очекуваат ефикасни пролетни натпревари.

Лидерот на табелата „Слога 1934“ ја торпедираше екипата на „Малеш“, па така беровчани со „осмица“ си се вратија дома. Екипата на „Светлост“ од Зрновци беше поуспешна од Овче Поле“, исто како и „Брегалница“ од Делчево против „Тиверија“.

Екипата на „Карбинци“ предводена од Тренерот Мирче Натков како гостин убедливо славеше против „Ударник“.

Единствен на натпреварот „Хоризонт Турново“ – „Дојрасно Езеро“ немаше победник.

Резултати од 10-тото коло:

Хоризонт Турново – Дојрасно Езеро  2:2

Ударник – Карбинци  1:4

Светлост – Овче Поле  2:0

Слога 1934 – Малеш  8:0

Брегалница 1926 – Тиверија  3:2

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ