Во викенд деновите кои се пред нас екипата на ГФК „Осогово“ ќе одигра два контролни натпревара се со цел да се проверат сите играчи кои на располагање ги има Шефот на стручниот штаб Александар Андов.
Најпрвин утре (Сабота) со почеток во 13:30 часот на стадионот „Никола Мантов“ ќе се одигра одложениот натпревар со „Детонит јуниор“ од Радовиш, за да веќе во Недела на теренот на СЦ „Истатов“ во Дојран „Осогово“ се сретнат со српскиот прволигаш „Раднички“ од Сремска Митровица.
Убава можност на две седмици пред стартот на натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток да се види што е сработено во овие зимски подготовки.
С. Ивановски