ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК СТАРТУВА НА 5 МАРТ

Во Спорт
февруари 6, 2023
0 минути

На состанокот на Третолигашите од истокот што вечерва се одржа во Штип договорено е пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток да започне на 5. Март.

Претставници од сите клубови од истокот вечерва беа присутни на состанокот и сите го потврдија учеството на своите екипи и за пролетниот дел од првенството.

Како што беше договорено на состанокот последниот ден за уплата на котизацијата за пролетниот дел од првенството која ќе изнесува 60.000,00 денари треба да биде 26. февруари.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ