ПОЛОВИЧЕН УСПЕХ ЗА ПИНГПОНГАРИТЕ НА „КОЧАНИ“

Во Спорт
октомври 24, 2021
0 минути

Се одиграа натпреварите од 2 и 3 коло во Првата Пингпонгарска лига.

Екипата на „Кочани“ викендот го заврши половично, односно на еден натпревар победи, а на другиот остана без бодови.

Најпрви во рамките на 2 коло „Кочани“ убедливо ја совлада екипата на „Кратово“ со 4:0 што претставува прва победа во годинешното првенство, додека во следниот натпревар, односно во 3 коло кочанчани загубија од екипата „Крива Паланка“ со 2:4.

По трите одиграни кола „Кочани“ има една победа и два порази. Одиме понатаму

С. Ивановски